Тес Вестер заврши со Холандија

foto: handbal.nl

Маркантата репрезентативка на Холандија и една од најголемите ѕвезди на портокаловиот тим во и надвор од теренот, многу често ословувана и како една од најубавите ракометарки, голманот Тес Вестер, објави дека ја завршува репрезнтативната кариера. 
Вестер во дресот на Холандија мина 12 години и беше дел од најголемите успеси (злато, сребро и бронза на СП и бронза и сребро на ЕП). 
Во 2022 година објави дека е бремена, претходно и се омажи и го прмени презимето и сега е позната како Тес Лидер. Направи кам бек по пороадувањето, учествуваше на СП 2023 и вели дека тогаш почувствувала дека веќе го нема тој жар и затоа доаѓа и оваа одлука за репрезентативно пензионирање. 
На клупски план има договор и за следната сезона со екипата на Борусија Дортмунд. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk