фото: ГРК Охрид
На две кола до крајот на Суперлигата, познати се четирите учесници во Европа следната сезона. Тоа се екипите на Е. Пелистер, Вардар 1961, Алкалоид и ГРК Охрид.
По денешното коло, екипата на ГРК Тиквеш и математички испадна од трката за четвртото место. Исто така и екипите на Алкалоид и ГРК Охрид испаднаа од трката за второто место.
Во последните две кола, Пелстер со два бода предност е пред Вардар, додека Алкалоид и Охрид сѐ уште не решиле кој ќе биде трето место. Алкалоид има бод предност во моментов, а двата тима имаат по еден тежок меч. Алкалоид игра со Е. Пелистер, а Охрид со Вардар.
ШТО НОСИ ЕВРОПА?
Сезонава, Македонија ќе бара вајлд карта за Лигата на шампионите. Ако ја добие, тогаш шампионот (во симулацијава тоа е Е. Пелистер) би играл во ЛШ, Вардар би играл директно во групната фаза од Европската лига, додека Алкалоид би одел во квалификации за ЕЛ. Охрид би играл во ЕХФ Куп.
Ако Македонија не добие вајлд карта за ЛШ, тогаш шампионот (Е. Пелистер) би играл директно во групната фаза на ЕЛ. Вардар би играл квалификации исто како и лани, додека Алкалоид и ГРК Охрид би играле во ЕХФ Куп каде што сезонава ни припаѓаат две места.
Поврзани вести