Кил со десетка оди на Ф4 во Келн!

Минатата недела Кил загуби со девет гола разлика на гостувањето кај Монпеље и практично беше избришан од трката за Ф4. 
Одамна некој тим не успеал ваква негатива да надополни, но не е „некој“ туку веројатно најголемиот и најпопуларниот на сите времиња.
Кил го совлада Монпеље со 10 гола разлика на реваншот и ќе го гледаме на Ф4 во Келн, а Филип Јиха веројатно си го продолжи својот престој на клупата на зебрите. 

Поинакво лице имаше Кил вечерва. За разлика од таа средба во Монпеље, сега команданти беа можеби најлутите дефанзивци во светот на позициите 3 и 4, Хенрик Пекелер и Патрик Винцек. Со Рајникд на позиција два и Дувњак на позиција пет, изградија ѕид од кој Скубе, Монте, Симонет, Паниќ можеа само да се одбијат. И сето ова украсено и со вонсериоски меч на чешкиот голман Мрква. И со норвешки судии кои толерираа „малку“ повоинствена игра од споменатите дефанзивци.
Кил по голема борба стигна до плус пет на полувреме, а имаше осум гола разлика на десет минути до крајот. Неколкуте киксови во напад, одбраната ги покри, а на крајот кога се решаваше победникот, ракометарите на Монпеље едноставно не можеа да го видат голот на Кил, а тоа што ќе пројдеше завршуваше како плен за Мрква. 
На крајот 31-21 во уште една величенствена ракометна претстава која заедно со сѐ што видовме во Плејоф и сега во 1/4 финалето, го доведува во прашње овој систем на играње во ЛШ, со групна фаза и многу на број, но здодевни и неизедначени натпревари.
Вистинската ЛШ, всушност почна откако завршија групите. 
 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk