Карабатиќ се збогува со Европа! Каде да гледате?

Вечерва ќе се одиграат преостанатите два натпревари од 1/4 финалето на ЕХФ Лигата на шампионите. Останаа две неодговорени прашања, но имајќи ги предвид резултатите од првите натпревари, чудо ќе биде ако во Келн не отпатуваат Барса и Монпеље.

Судбината сакаша (најверојатно) последниот европски меч во клупската кариера Никола Карабатиќ да го игра во „Блау грана“ во Барселона, каде што играше од 2013 до 2015 и со која стана европски шампион во 2015.
Барселона особено ракометниот колектив не е познат по тоа дека органзира „шпалири“ или посебни моменти, па ќе видиме каква почит ќе оддаде вечерва кон еден од најголемите играчи вооопшто, особено затоа што и бил дел од Барса... 
Вечерва Барса на домашен терен ќе брани плус осум (30-22) и очелуваме нејзин сигурен пласман на Фајналфор во Келн. 

Уште една легенда оди кон залезот, но најверојатно ќе ја гледаме и во Келн. Патрис Канаје е 30 години на клупата на Монпеље и летово заминува од таа позиција. Но, пред за замине веројатно ќе има обид да ја освои третата шампионска титула во ЛШ. 
Монпеље со девет гола разлика го совлада Кил и денеска на зебрите ќе им треба чудо за да го елиминираат францускиот тим. 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45  КИЛ - МОНПЕЉЕ  (30-39) - TV ARENA SPORT 3 PREMIUM
20:45  БАРСА - ПСЖ  (30-22) - TV ARENA SPORT 3

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk