Денеска, Алкалоид на дерби кај Вардар

Денеска ќе биде комплетирано 12 коло во македонската Суперлига. Вчера, празнично, се одиграа два натпревари на кои Е. Пелистер го совлада ГРК Тиквеш со 35-25, а Бутел Скопје беше подобар од екипата на Струга со 34-20. 

Денеска се игра деби мечот, а светлата на рефлекторите се кон Јане Сандански. Таму на дуел со домашниот Вардар ќе гостува екипата на Алкалоид, актуелниот вицепрвак. 
Натпреварот почнува во 18:00 часот, а фаворитската улога, посебно по мечот во Автокоманда, ја има домашниот Вардар. 
На табелата, Вардар и натаму има шанса за шампионска титула, но тоа е директно повзано со нивниот вечерашен противник. Не само што Вардар ќе мора вечерва да победи, туку и ќе чека Алкалоид во последното коло во Битола да изненади. Тоа сценарио, реално нема којзнае колкави шанси да се оствари, не би било во ред комплетно да го отпишеме. 
Но, прво треба да се одигра првиот од двата дуела меѓу Вардар и Алкалоид што ќе ги гледаме до крајот на сезоната. Вториот е во полуфиналето на Купот на Македонија закажан за 16 мај во „Борис Трајковски“. 
Колото број 12 во македонската Суперлига, последно пред репрезентативната пауза ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу екипите на Охрид и Т. Пролет. Таа средба почнува во 19:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk