Момир Илиќ и Филип Јиха одат по тенок лед

foto © Telekom Veszprem

Елиминацијата на Веспрем од Лигата на шампионите од тимот на Алборг и веројатната елиминација на Кил во 1/4 финалето од екипата на Монпеље, можеби ќе доведат до тренерски промени во двата клуба кои според буџетот се во Топ 5, ако не и веднаш зад ПСЖ во Топ 3. 

„Мојата судбина е во рацете на клубот“, вака можеме да ја сумираме и парафразираме изјавата на Момир Илиќ по елиминацијата на Веспрем од Лигата на шампионите од Алборг и одбележаното учество број 24 во Топ 8 од Лигата на шампионите, но без освоен пехар.
Информациите до кои дојде g-sport.mk велат дека во Унгарија е можна не само тренерска смена, туку многу поголема промена во водечките структури клубот.
Ќе дознаеме наскоро, иако не очекуваме реакција донесена под импресии и фрустрации од мечот во Алборг.

Друга информација односно шпекулација до која дојде ракометниот портал g-sport.mk е дека слично незадоволство кое може да доведе до тренерска смена владее и во Кил. Зебрите играат слаба сезона во Бундеслигата во која не само што го загубија шампионскиот пехар уште пред Нова година, туку водат битка и за четвртото место со Мелзунген. 
Но, во Лигата на шампионите им одеше добро, сѐ со гостувањето во Монпеље во 1/4 финалето во кое загубија со 30-39. Филип Јиха е тренер на Кил од 2019 и неговата приказна не е завршена. Вечерва Кил ќе се обиде да врати за оние минус девет од минатата недела, а успее ли местото на Јиха можеби нема да биде загрозено.

Не успее ли, можеби ќе дојде до тренерска смена, а најинтересното во овој дел од приказната е што како негов можен наследник во шпакулациите се појавува никој друг туку погоре споменатиот тренер на Веспрем - Момир Илиќ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk