Веспрем е елиминиран од ЛШ!

Фото: Telekom Veszprem

АЛБОРГ - ВЕСПРЕМ  33-28 (18-14)
Хоксер 9, Арнолдсен 6 - Вајлупов 6, Јахија 5

Данскиот вицешампион Алборг е првиот учесник на Фајналфор турнирот што во Лигата на шампионите ќе се игра во Келн сезонава.
По минатонеделиниот минимален пораз во Веспрем, вечерва во Шшаркасе Арената во Алборг, данскиот тим со 33-28 го совлада тимот на Веспрем и ќе игра на шампионскиот викенд во ракометната престолнина. 

Данскиот состав, вечерва предводен од Мадс Хоксер (9 гола) кој како момче го гледавме и на кадетскиот мундијал во Скопје имаше резултатска контрола во текот на целиот меч. 
Веспрем беше блиску, имаше реална шанса да се избори барем за пенали, затоа што на три минути до крајот беше само два гола разлика. 
Но, не успеаја избраниците на Момир Илиќ да намалат уште еден гол. Напротив, разликата се искачи на плус три, а потоа и времето веќе им истече, па последните два гола беа повеќе шминка на резултатот отколку што реално е пресликан мечот во конечниот епилог. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk