Вознемирувачки: Штербик имал срцев удар

Унгарскиот шампион Веспрем објави дека тренерот на голманите, легендарниот Арпад Штербик нема да биде дел од експедицијата што денеска во Алборг ќе се бори за пласман на Фајналфор во Келн во Лигата на шампионите. 

Поранешниот голман на шампионскиот Вардар, еден од најдобар на светот на сите времиња, не се чувстувал добро и отишол во болница и веројатно тоа му го спасило животот, затоа што докторите му дијагонстицирале срцев удар и благодарение на нивната брза интервенција опасноста е отстранета. Арпад Штербик би можел уште утре да ја напушти интензивната нега. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk