Познат полски клуб пред колапс

photo: KS Azoty Pulawy

Екипата на Азоти Пулави е редовен учесник во полскиот шампионат во последните 20 години, а бил претставник и на Полска во ЕХФ Куп и Европската лига.
Годинава екипата завршија на петтото место во првенството. Веднаш потоа клубот објави дека групацијата Азоти, го прекинува спонзорскиот договор што траеше цели 20 години. 

Клубот кој имаше еден од највисоките буџети во Полска главно се потпира на градот и на групацијата Азоти и сега е во активна потрага по нови спонзори, за како што имаат напишано во соопштението - учеството во Суперлигата следната сезона да биде реалност. 

Во екипата на Азоти Пулави своевремено бранеше македонскиот голман Даниел Дупјачанец, а во моментов играат двајца ракометари познати и од македонската Суперлига. Тоа се екс голманот на Охрид, Зураб Цинзадѕе и поранешниот пелистерец Владислав Остроушко. 

Поврзани вести