Магдебург или Келце на Ф4, каде да гледате?

Денеска ќе ги добиеме првите патници за Фајналфор турнирот во Келн во ЕХФ Лигата на шампионите. ПО минатонеделните први дуели, сега се на ред ревнш натпреварите со гарантиран висок „напон“ вечерва во Магдебург и Алборг. 

Први во 18:45 часот во Шпаркасен арена во Алборг ќе се сретнат домашниот Алборг и Веспрем. Резултатот од првиот меч одигран во Унгарија е 32-31 за Веспрем. На Алборг му треба победа од два гола од директен пласман, додека со минимален триумф ќе се изведуваат пенали. Но, видовме вчера во ЕХФ Европската лига, дека дома-гости, не одигра којзнае каква улога.

Во терминот од 20:45, во Гетек Арена во Магдебург ќе се сретнат екипите на Магдебург и на Келце. Драма беше првиот меч кој заврши со победа на полскиот тим од 27-26. На таа средба домашните го загубија Михал Олејничак кој заработи сериозна повреда на коленото и ослабени ќе настаапат во Германија. 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45  Алборг - Веспрем (31-32) - ТВ Арена Спорт Премиум 3
20:45  Магдебург - Келце  (26-27) - ТВ Арена Спорт Премиум 2

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk