Ѓер го повлекува дресот на Аморим

foto: archive/Gyorietokc

Четврти мај ќе биде посебен ден во кариерата на поранешната ракометарка Едуарда Идалина „Дуда“ Аморим Талеска. Прославената бразилска ракометарка која има македонско презиме ќе добие едно од најголемите признанија што спортист воопшто може да го добие, а тоа е неговиот дрес да биде повелечен од употреба и сместен меѓу легендите.
Екипата на Ѓер, на споменатиот датум, ќе го повлече дресот со бројот 18 на Едуарда Аморим Талеска. 

Оваа бразилска ракометарка која зад себе има пет шампионски пехари од ЛШ на ЕХФ, злато од мундијал, 10 шампионски титули во Унгарија, четири во Македонија, била прогласена за ИХФ играч на годината, за ЕХФ играч на годината, МВП на мундијал, најдобар дефанзивец во ЛШ итн е македонски откритие.

Во 2006, две години откако нејзината постара сестра, Ана Каролина Аморим беше врбувана од Кометал Ѓ. Петров во Скопје пристигна и Едуарда и тоа по препорака на Ана која за неа тврдеше дека е уште поголем талент. Еударда во Кометал остана до 2009, а потоа замина во Ѓер каде што играше сѐ до 2021. Во финишот на кариерата, Унгарците и удоволија да направи пар трансфери, па таа замина прво за Ростов Дон, а потоа во ЧСМ Букурешт пред официјално да ја заврши кариерата. 
Во 2013 се омажи за Македонец и го додаде презимето Талеска. 

Еударда Аморим во моментов е ангажирана во стручниот тим на женската сениорска репрезентација на Македонија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk