Танески одбра кадетски тим за Неделата на ЕХФ

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Наум Танески одбра тим со кој ќе настапи на мини турнир во Словенија каде што нашите млади ракометари ќе играат со репрезентациите на Словенија и на Австрија. 
Кадетската репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги оддигра во Словенија во градот Зрече.
Натпреварите на кадетската машка селекција се предвидени да се оддиграат на 10.05 (петок) против селекцијата на Словенија во 18:00 часот и на 11.05 (сабота) против Австрија во 12:30 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk