Монпеље одби одлагање на меч

photo: Montpellier HB

Монпеље го совлада Кил со 39-30 на првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на шампионите и на 2 мај го чека реваншот во Вундерино Арена во Кил.
Германците немаат натпревар меѓу двата дуела со Монпеље, додека Французите имаа меч со Сесон Рен и го добија со 37-29. Интересен податок за овој натпревар е што француската федерација му понудила на Монпеље одложување на овој меч за да зачуваат свежина и сили, избегнат ризик од повреди и за да сочуваат пред мечот што треба да ги однесе во Келн. 

Но, легендарниот тренер Патрис Канаје по којзнае кој пат покажа дека е направен од поинаков материјал, а и таква е екипата што тој ја води.
Монпеље, љубезно ја одби понудата на федерацијата со образложение дека можеби е подобро да останат во ритам, а и дека имаат доволно време да се одморат затоа што со Кил играат во четврток. 

„Благодарам за гестот, но сметам дека имаме доволно време. Да се играше мечот во среда, тогаш ќе прифатевме, но се игра во четврток и имаме еден ден повеќе за одмор. Што се однесува до ризикот од повреди, па играч исто така може да се повреди и на тренинг“, изјави Канаје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk