-
28.04.2024
-
Вести, Планета ракомет
Поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, пикерот Мијајло Марениќ, заработи фрактура на прстот на раката на дуелот меѓу Берлин и Мелзунген и ќе мора да паузира четири до шест недели. Тоа значи дека нема да игра против Шпанија во баражите за СП 2025 и капитенската лента ќе му ја предаде на Дејан Милосављев, поранешен голман на Вардар.
Свеин Јохансон, 24 годишниот исландски пивот ќе го напушти тимот на Минден и ќе стане трет исландски играч во екипата на Колстад од Норвешка.
Ромас Аукштикалнис (21) е литвански ракометар со кого ќе си имаме работа во следните квалификации. Кога ќе се сретне со Македонија, ќе биде играч на германскиот тим Гросвалштат со кого потпиша двегодишен договор. Во Гросавлштат, помошник тренер е Повилас Бабарскас, еден од најпознатите поранешни литвански репрезентативци.
Обидите Гонзало Перез де Варгас, голманот на Барса да премине во Кил една година порано, односно уште ова лето, засега се безуспешни.
Голманот на Магдебург, Никола Портнер, избегна кривична пријава за користење на недозволени средства, но спортскиот суд и натаму е мач што му виси над главата. На почетокот на мај ќе бидат познати резултатите од Б тестирањето. Ако е негативен, се враќа веднаш на терен.
Екипата на Ловќен од Цетиње, по 11 пат стана шампион на Црна Гора.
Поврзани вести