Митревски и Порто се вратија во игра

Никола Митревски со девет интервенции според официјалната статистика придонесе за победата на Порто над Спортинг, прва во Плејоф разигрувањето и ја намали разликата на само два бода. 
Порто победи 37-35 на меч на кој резултатски се одлепи уште во првиот дел, а потоа Спортинг бркаше се до последната миннута (35-36), благодарение на браќата Кошта кои заедно постигнаа 19 од 35те гола на гостинот од Лисабон.
Со овој триумф на Порто е одложена шампионската промоција на Спортинг кој веќе пет години чека за својата 22 шампионска титула во историјата. Новиот шампион ќе биде решен на теренот на Спортинг доколку нема изненадувања претходно.

Бенфика за која игра игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, пак, ја запиша првата Плејоф победа, 34-27 над екипата на Брага. Филип Талески имаше 3/4 реализација и четири асистенции. 
Во следниот коло од португалскиот плејот, Бенфика ќе го пречека тимот на Митревски, Порт. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk