Алкалоид му се реваншираше на Охрид со камата

РК АЛКАЛОИД - ГРК ОХРИД - 42-31 (22-14).
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 350. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски.
РК АЛКАЛОИД: Трајкоски (12 одб), Галевски, Џонов 3, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 6, Карасманакис, Стојковиќ 7, М. Митев 7, Велковски 2, Симоноски 3, Бинго 3, Д. Митев 6, Савревски 1, Димовски 3.
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 10 мин.

ГРК ОХРИД: Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 3, Матцуока 7, Јукиќ 4, Стоилевски 1, Дрогришки, Пелидија 2, Тасески 2, Рудолф, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 1, Орјоникидѕе 5, Бојаниќ 2, Цирар 4.
Седмерци: 6/7. Исклучувања: 4 мин.

Во првиот круг од Плејоф, ГРК Охрид од седмиот обид успеа да слави над Алкалоид и да го прекине нивниот низ од 17 победи, па денешното дерби во Скопје имаше посебен шарм. 
Алкалоид со поинаков простап денеска беше сосема поинаков тим од тој што играше во Билјанини извори. Само десетина минути имаше резултатска неизвесност, а потоа влескаа Трајкоски, Стојовиќ, Марко Митев и на полувреме веќе беше плсу осум (22-14). 

Дуелот меѓу двата тима почна израмнето. Резултатот беше близу до 8-7, а потоа РК Алкалоид презеде иницијатива на мечот. Избраниците на Лазаров играа без грешки, а нашиот тим имаше и расположени голмани - Благојче Трајкоски фати шест топки, Иван Галевски одбрани седмерец, за прва поосетна предност од 15-9 во средината на првиот дел.



На стартот на вториот дел Трајкоски продолжи да брани во врвна форма и забележа уште две одбрани, а  Алкалоид дојде до највисоките 23-14. Додека се играше 43. минута Алкалоид имаше и плус од десет гола (29-19) и останатиот дел од дуелот во Автокоманда беше само формалност.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk