Суспензија од една година за Кајганиќ

Веројатно ќе се сетите на Огњен Кајганиќ, ракометар на Вардар пред ерата на Самсоненко и големите успеси. 
Огњен Кајганиќ својата ракометна кариера во моментов ја води како спортски директор на Црвена Звезда, но „манирите“ од старите времиња му донесоа голема казна од Ракометниот сојуз на Србија.

Веќе пишувавме, екипата на Ц. Звезда се повелече од теренот во Лесковац и дуелот со Дубочица незадоволна од судењето. 
Спортскиот директор Кајганиќ беше тој кој ја „спакува“ Звезда во соблекувалната, а РСС за тоа дело му додели суспензија од една година.
Клубот е казнет со околу 3.000 евра, а тренерот Недељко Матиќ, среде плејаут ќе паузира 15 дена. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk