Олејничак не мина „толку“ лошо

Photo credit © kielcehandball.pl/Patryk Ptak

Полскиот ракометар Михал Олејничак заработи фрактура на тибија (колено), но притоа имаше среќа затоа што оваа повреда најчесто оди во пакет со скинати лигаменти, менискус или мускул. 
Феликс Клар, шведскиот ракометар на Магдебург падна врз неговото колено за време на натпреварот од 1/4 финалето на ЛШ.
Повредата, сепак е сериозна, сезоната за Олејничак е завршена. Вообичаено време за рехабилитација од вакви повреди е два до три месеца, но со поагресивна терапија и имајќи предвид во каква состојба е Олејничак, докторите му предвидуваат можно враќање и за два месеца. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk