Денеска дерби во Автокоманда

Денеска ќе се игра последното суперлигашко коло пред репрезентативните и натпреварите од Куп на Македонија. 
Големото дерби ќе се игра во Скопје, а во моментов во битка за третото место кое сезонава би требало да носи подобра позиција во ЕХФ Куп ќе се сретнат Алкалоид и Охрид. 
Охриѓани успеаја во првиот плејоф круг, за прв пат да го совладаат скопскиот ривал, а тоа беше отскочната штица за нив во првенствово во кое дури и битка за пехар не беше надовор од математиките. Но, Е. Пелистер двапати ги олади и тоа на домашен терен, па денешниов меч ќе биде ново докажување за двата тима. 

Математички се ближи крајот и во Плејаут шампионатот. Таму од Суперлигата засега математички потврдено испаѓаат Аеродром и Скопје 2020. Но, ако денеска во Битола, Е. Пелистер 2 го совлада Мулти Есенс, од Суперлигата математички ќе испаднат и екипите на Голден Арт и Мулти Есенс, а многу блиску до таков епилог ќе биде и екипата на Вардар Неготино. 
Во таков случај, битката во последните три кола за двете места што обезбедуваат опстанок и третото што води во бараж, ќе се води меѓу Прилеп, Куманово и Е. Пелистер 2. 



 

26.04.2024 – ПЕТОК

РК СТРУГА – РК ВАРДАР 1961  15-36 (8-16)

27.04.2024 – САБОТА ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ

17:15 часот РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД

18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС

18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК СКОПЈЕ 2020

19:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ГОЛДЕН АРТ К7

19:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk