Данска ќари, Шведска на свое, Норвешка во минус

фото: archive/svenskhandbol

Објавени се финансиските извештаи од организацијата на женското Светско првенство што во декември се одржа во Данска, Норвешка и Шведска. 
Единствени кои се радуваа на бројките се Данците. Тие од СП заработија нето околу 500.000 евра. Шведка е на нула-нула, додека Норвешка пријави минус од околу 80.000 евра.
Првата анализа на Норвежаните е дека билетите биле прескапи и многу фанови, особено семејно, решиле парите да ги потрошат на нешто друго, а не на ракомет. Норвешка организираше 23 натпревари, а исполнетоста на салите беше вкупно околу 70%. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk