Уште една норвешка ѕвезда без ОИ

foto: blogspot.com

Првиот избор на позицијата десен бек, Магнус Род го извести селекторот на Норвешка, Јонас Виле, дека нема да настапи на Олимписките игри во Париз затоа што сака да се залечи и одмори пред да оди во новиот клуб, Пик Сегед.
Вториот избор на десен бек, Кент Робин Тонесен, не прифати да игра на пријателскиот турнир во мај со Хрватска, Данска и Аргентина, па и неговиот олимписки статус не е запечатен.

Третата лоша вест доаѓа од таборот на Колстад. Свен Јоран Јоханесен, првиот лев бек на репрезентацијата заработи повреда на Ахиловата тетива и пред него е шест до осум месеци пауза. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk