фото: Telekom Veszprem
ВЕСПРЕМ - АЛБОРГ 32-31 (12-17)
Ремили 6, Вајлупов 5, Елисон 5 - Хоксер 4, Антонсен 4, Влах 4
Со гол за кој Данците тврдеа дека е постигнат по истек на времето, а на кој му претходеше недосуден фаул во напад, екипата на Веспрем со 32-31 го совлада данскиот Алборг на нивната прва 1/4 финална пресметка одржана во Веспрем Арена.
Тоа, верувале или не, беше првото водство на Веспрем на овој натпревар.
Алборг почна фуриозно, предовден од Ландин поведе со 6-1. Изгледаа одлично Данците на терен. Дисциплина, луцидност, транзиција.... Особено младиот десен бек Мадс Хоксер, уште еден играч што го гледавме во Скопје на мундијалот за кадети во 2019 година.
Веспрем долго време се обидуваше да направи пресврт, Момир Илиќ по двапати ја сврте целата постава додека да најде соодвтено расположена и ефектна постава. За „среќа“ во составот на Веспрем се 16 врвни играчи, па не е можно да не се најде рапсоложен тим.
Конечно, бркаше барем реми домашниот тим, но Алборг поведе 31-30. Следеше брз гол на домашните и Алборг тргна во последен напад при 31-31. Хоксер ја имаше топката, беше под фаул кога ја додаде, не беше судено ништо, тргна во напад Омар Јахија и погоди. Според судиите кои одбија не гледаа видео, тоа беше гол во рамките на времето.
Данците, особено нивната ТВ2 која многу сака да лови судиски грешки, ќе има што да мери и премерува.
Поврзани вести