Женската јуниорска репрезентација на Македонија во јуни ќе биде домаќин на Светско првенство, шампионат за девојки до 20 години.
Истите кои пред две години играа во Македонија кадетско првенство. Ќе имаме единствена шанса да видиме како напредувале најдобрите ракометарки во последниве две години. Вклучително со македонскиот состав.
Вкупно 15 ракометарки од 18 што беа дел од минатиот состав на Љубомир Савевски и сега се на поширокиот список на новиот селектор Дарко Јанев.
Нена Нестороска, Дона Маркоска и Мила Пешиќ не се меѓу 35-те на Дарко Јанев.
Но, Јанев допрва треба да го преполови списокот, па ќе видиме како ќе изгледа финалната листа и кои од играчите што играа пред две години ќе ги гледаме одново.
Селекторот Дарко Јанев избра потенцијално опасна група во која се Ангола, Исланд и САД. Две репрезентации напредуваат во Главната рунда, другите две ќе играат Президент Куп.