Начевски и Николов ќе судат на ОИ Париз

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов очекувано е делегирана за Олимписките игри во Париз што ќе се оджат летово.
За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. 

Комплетниот список на судии за Олимписките игри изгледа вака:
Начевски/Николов (МАКЕДОНИЈА), Белкхири/Хамиди (Алжир), Гарсија/Палантони (Аргентина), Коњичанин/Коњичанин (БиХ), Хорачек/Новотни (Чешка), Хансен/Мадсен (Данска), Гарсија/Марина (Шпанија), Бонавентура/Бонавентура (Франција), Шулце/Тенис (Германија), Кутлер/Мерц (Германија), Биро/Кис (Унгарија),  Павичевиќ/Ражњатовиќ (Црна Гора), Брунер/Салах (Швајцарија).