Супер Глоуб се сели во Египет

Светското клупско првенство или т.н. Супер Глоуб годинава се сели или се враќа во Египет. Ова ќе биде 17 издание на турнирот кој стана исклучително популарен меѓу екипите поради големите парични премии и комоцијата, егзотичноста што ја нудеа Катар и С. Арабија каде што вкупно се одржаа 15 изаднија на турнирот. 
Четиригодишниот договор со кој С. Арабија го презема од Катар овој турнир истече годинава, вклучувајќи ја и годината кога беше откажан турнирот поради Ковид. 
Соработката со Блискиот исток тука завршува и во наредните три години Каиро ќе биде домаќин на турнирот.
Играњето во Египет гарантира поквалитетен ракомет, затоа што веќе улогата на домаќин нема да и носи привилегии и екипи плус на турнирот на С. Арабија. Публика сигурно ќе има повеќе, но рековме, главната причина поради која европските екипи доаѓаа со најсилните состави во Доха и Дамам беа премиите. 
Ако ИХФ и во Каиро исплати премии какви што имаше досега, тогаш имаме гаранција за силен турнир. 

Ако не знаевте: Следниот турнир нема да биде прв  Супер Глоуб што ќр се игра во Каиро. Во 2007 Каиро беше домаќин на третиот Супер глоуб. Учествуваа пет екипи и играа меѓусебе. Победник беше Сиудад Реал.
Првиот Супер глоуб се играше 1997 во Виена, а победник беше Каха Кантабрија, додека вториот се играше во Доха во 2002 и победник беше Ал Сад од Катар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk