Миркуловски доби засилување

G-sport.mk одамна уште во јануари го најави трансферот на германскиот репрезентативец Филип Ахунансу од РНЛ во Вецлар, а денеска и формално е потврдено и од клубот на чие кормило како асистент е македонскиот интернационалец Филип Миркуловски. 

Филип Ахуансу имавме можност заедно со една цела плејада млади ѕвезди (Мартим Кошта, Симон Питлик, Хаукур Трастарсон, Косуке Јасухира...) да го гледаме во Скопје на Кадетското светско првенство во 2019 година. Ахуансу е „дете“ на РНЛ, а една сезона имаше шанса да се кали во екипата на Минден. 

Следната сезона оди во Вецлар каде што ќе има поважна улога и поголема минутажа отколку што (ќе) има во Рајн Некар Ловен. 
Неодамна во Македонија гости беа и главниот тренер и спорскиот директор на Вецлар и ги гледаа дерби дуелите Тиквеш - Пелистер и Алкалоид - Вардар, па можеби во нивните планови има место и за некој македонски ракометар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk