foto: RFM
Европската ракометна федерација ги официјализираше термините за одигрување на натпреварите од Европското првенство што во ноември/декември ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Репрезентацијата на Македонија своите натпревари ќе ги игра во Феникс Арена во Дебрецен, истата сала во која машката сениорска репрезентација во 2022 играше на ЕП.
Во групата сме со домашната Унгарија и со репрезентациите на Шведска и Турција.
Термните за натпреварите се 18:00 и 20:30 часот. Унгарија која има предност, ги одбра термините од 18:00 часот, што значи дека Македонија, Шведска и Турција, своите меѓусебни натпревари ќе ги играат во вечерните термини, од 20:30 часот.