Голема казна за Марко Безјак, суспензија и за Вујовиќ

foto: rknexe.hr

Хрватскиот ракометен сојуз ги изрече казните за актерите на инцидентот во Нашице, по кој беше прекинат дуелот меѓу Нексе и Загреб. 
Незадоволни од судењето, домашните не неколку секунди до крајот на првото полувреме при резултат 9-16, влегоа во вербална расправија со судиите и записничката маса. Марко Безјак со рамо го турна делегатот, а овој барем од наш агол гледано премногу театрално падна, па му се укажуваше помош и конечно средбата беше прекината. 

Словенечкиот интернационалец Марко Безјак за овој свој потег е казнет со забрана за играње во времетраење од цели 12 месеци! 
Тренерот Веселин Вујовиќ е суспендиран во времетраење од три месеца.
Ракометарот на Нексе, Андраж Велкаврх е казнет со забрана за настап на четири натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk