ГРК Охрид ќе им ги врати парите на фановите

ГРК Охрид го обнови своето извинување кон фановите кои иако имаа купено билет за натпреварот, не успеаја да влезат во салата за дуелот меѓу екипите на ГРК Охрид и Е. Пелистер. 
Премногу гледачи имаше во „Билјанини извори“, капацитетите поради високиот ризик намалени, а и вооопшто кога нема нумерација на седишта и билети вакви работи се случувале и ќе се случуваат. 

ГРК Охрид го обнови своето извинување и додаде дека денеска од 17 до 20 часот на билетарата во салата ќе им бидар рефундирани средствата на фановите кои купиле билет, но не успеале да влезат на на трибините.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk