Мулти Есенс е нов младински шампион на Македонија

Мај е месецот во кој се доделуваат шампионските пехари речиси во сите конкуренции, а вечерва Македонија го доби првиот, нов шампион во машка конкуренција за 2023/2024.
Екипата на Мулти Есенс е новиот државен првак во младинска или јуниорска конкуренција (ракометари родени 2004 и помлади).
Помладиот член од смејството на Алкалоид, вечерва како гостин го совлада тимот на Овче Поле и тоа беше вкупно нивна 20 победа од 20 одиграни натпревари.
Со 60 освоени бодови на четири кола до крајот на првенството, ракометарите на Миле Бочкароски имаат 13 бода предност пред екипата на Пролет и 15 бода предност пред екипата на Младост 1977 Богданци и тоа ги прави математички недостижни во битката за шампионскиот пехар сезонава. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk