Вардар потпиша со Томче Стојановски

Екипата на Вардар промовираше нов играч за следната сезона. Бекот на Бутел Скопје, Томче Стојановски (25) е изборот на црвено-црните, а неговата главна улога ќе биде да ја засили одбраната на скопскиот состав.
Томче Стојановски потекнува од вардаровата школа, играше во младинските категории на Вардар, а потоа, пред цели седум години потпиша за екипата на Бутел Скопје. 
„Потекнувам од школата на Вардар и секако ми годи оваа покана. не се двоеумев многу. Ги минав сите млади категории во овој клуб, и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба, и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар, и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и грам со моите нови соиграчи, изјави за клупскиот сајт Томче Стојановски.

фото: rkvardar.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk