Нексе го губи и второто место

foto: rk nexe

Екипата на Нексе Нашице е на прагот на најслабиот резултат во последните 15 години. Нексе групацијата го преземе клубот во 2006, а од 2008/09 до денеска е постгојано на второто место и со редовно учество во ЕХФ Европската лига.
Сезонава, во која со доаѓањето на Безјак, Јотиќ, Гаџа, Маргуч, Штрлек, Вејин... требаше да биде најсилната конкуренција досега на Загреб, тие најверојатно нема да бидат ниту втори.
Нексе има внатрешен проблем како што вели нивниот тренер Веселин Вујовиќ. Сезоната ја почнаа со пораз од Сесвете, неодамна следеше службен пораз и минус бод од Загреб и на крајот реми со Пореч. 
Сега, на две кола до крајот на првенството во Хрватска, имаат ист број бодови како и Сесвете, но Нексе треба да гостува кај Загреб. 
Загубат ли таму, ќе разигруваат за трето/четврто место.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk