Е. Пелистер е пред одбрана на титулата

фото: ГРК Охрид

ГРК ОХРИД - РК Е. ПЕЛИСТЕР 22-29 (11-14)
Цирар 6, Орјоникидѕе 4 - Кузмановски 10, Радивојевиќ 6

Екипата на Е. Пелистер вечерва направи голем чекор кон одбрана на титулата. Битолчани славеа убедлива победа на гостински терен кај Охрид, единствената екипа која претставуваше опасност за Е. Пелистер, првенствено затоа што играше на домашен терен. 
Но, Е. Пелистер беше спремен, тоа го покажа во Купот, тоа го потврди и вечерва. 
Мечот беше интересен резултатски 15-тина минути. Охрид поведе 8-7 имаше и напад, потоа беше 8-8, а Охрид остана без Орјоникидѕе во следните две минути и тука некако се пресече нивниот напад. Станаа нерешителни, направија неколку прости грешки во додавање и битолчани од 7-8, стигнаа до 12-8. На полувреме беше 11-14, а сите надежи на охриѓани за пресврт ги сруши Калифа Гедбан кој застана на голот во вториот дел и запиша 10 одбрани за 15-тина минути. 
Играта на Охрид комплетно се распадна, Е. Пелистер поведе и со десет гола разлика (26-16), па до крајот остана само рутина. 
Сега на Е. Пелистер му останува на домашен терен да ја потврди одбраната на титулата, додека Охрид ќе води битка со Алкалоид за третото место. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk