Дали Кил го круниса Магдебург?



Денешното големо дерби во Бундеслигата, меѓу екипите на Берлин и Кил заврши без победник (32-32) и сега екипите на Магдебург и Берлин имаат идентични 50 бода, но Магдебург има и натпревар помалку, а до крајот на првенството, во следните шест кола играат со екипи што под осмото место на табелата и само чудо, односно некое преголемо опуштање би можело да го спречи Магдебург да се врати на шампионскиот трон. 
На Берлин за утеха ќе му остане второто место, но тоа ќе ги однесе во Лигата на шампионите следната сезона, додека за место во ЕХФ Европската лига први кандидати се Флензбург и Кил и зад нив тимот на Мелзунген. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk