Клучна битка за шампионската титула?

Денеска во Охрид е ракометен празник, гостува екипата на Еурофарм Пелистер, актуелниот првак на Македонија. За Охрид овој меч е важен во трката за излез во Европа, но доколку победи, тимот на Алушовски има шанси да се бори дури и за шампионскиот пехар.
Но, не само Охрид, Вардар чека кикс на битолчани. 
Но, кога велиме дека на овој меч може да се реши прашањето за шампионскиот пехар, сепак, не мислиме на Охрид, туку на одбраната на титулата. 
Ако Е. Пелистер денеска победи, на четири кола до крајот ќе има плус два во однос на Вардар, но што е за нив најважно, единствeните екипи што до крајот може да им ги расипат сметките остануваат условно кажано Тиквеш и Алкалоид. И со двата тима ќе играат на домашен терен. Ќе гостуваат само кај Пролет и Струга до крајот. 
Затоа денешниот меч е меч за шампионска титула за битолчани. Се мобилизираат нивните навивачи, се мобилизираат и охриѓани и салата „Билјанини извори“ денеска ќе биде полна. 

Натпреварот почнува во 19:00 часот и ќе биде директно пренесуван на МТВ 3
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk