Нант го разби ПСЖ и го освои „Куп на Франција“

Екипата на Раул Гонзалез одамна не била надиграна како што беше надиграна во финалето на Куп на Франција што се одржа во Париз, а се сретнаа ПСЖ и Нант.
Околу 2000 навивачи на Нант пристигнаа во Париз за да им дадат поддршка на своите фанови во распродадената Акор Арена, а овие им возвратија со  летечки старт и водство од 6-0. 
Не пројде долго додека се врати ПСЖ во игра, намали на 5-6, потоа и израмни на 7-7, но Нант не се даваше. Целиот условно кажано гостински тим имаше одличен ден и поведоа со 12-8, а на полувреме беше 19-13.
Немаше кам-бек на парижаните, напротив, Нант се разгоропади и поведе со 26-16 во 41 и 28-16 во 43 минута. 
Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалез на почетокот во игра ги имаше и Пранди, Палицка, Никола итн. во составот, а мечот го заврши со Марчан, Нтанзи, Жибела итн. 
Иван Пешиќ со 16 одбрани го поведе Нант кон пехарот, Камил Шипжак со пет гола на спротивната страна беше најефикасен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk