Скопје 2020 математички е прволигаш

foto: RK Skopje

СКОПЈЕ 2020 - КУМАНОВО 25-32 (11-16)

Екипата на Скопје 2020 денеска е поразена од новиот лидер во суперлигашкиот плејаут, МРК Куманово (25-32) и по 10 одиграни кола остана на шест освоени бодови.
Ова значи дека екипата на Скопје математички веќе не може да стигне до третото место дури и теоретски да победи на сите останати натпревари, а ривалите да останат зад нив.
До крајот има уште четири кола или вкупно 12 бода во игра, а третопласираниот тим кој ќе игр бараж за опстанок, во моментов има 21 бод.
Екипата на Скопје 2020, вечерва му приклучи на тимот на Аеродром и овие две екипи се сигурни проволигаши.
Вкупно пет екипи ќе испаднат од Суперлигата сезонава, што ќе ја направи прилично силна и конкурентна Првата лига следната сезона. 
Голден Арт, Мулти Есенс и Вардар Неготино се екипите што во моментов се најблиску до моментот да им се приклучат на Аеродром и Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk