Мулти Есенс го запре Прилеп

Важни три бода за РК Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС - РК ПРИЛЕП  34-33 (19-20)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Васил Чавдаров
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 9, Костовски 5, Илиески 4, Насевски, Д. Узунчев 8, Петрески, Трајчев 1, Тарчуловски, Трајковски, Иваноски 6, С. Јорданов, Тодески, Т. узунчев, Стојчевиќ 1, Каракалашев
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 10 мин.
РК ПРИЛЕП: Ацевски, Кастратовиќ 1, Рајатовски 10, Адамчески, Бикоски 5, Ангелески, Крстески, Велески 1, Бурчески, Лозаноски, Цветаноски 4, Шабановиќ 6, Левани 1, Квастек 5, Трајкоски, Андраде
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 12 мин. 

РК Мулти Есенс по голема борба успеа да го совлада тимот на РК Прилеп, кој е лидер во плејаут шампионатот минимално 34:33 и ја продолжува борбата за опстанок во најсилната конкуренција.
Прилепчани беа во предност во првиот дел од мечот, но по резултат 10-10, РК Мулти Есенс направи серија од 5-1 и поведе со 15-11 и 16-12. 
Следеше кам бек на Прилеп, израмни на 17-17 и оттогаш, па до крајот на мечот се играше за секоја топка, а резултатот беше тесен. Се играше играта „гол за гол„ во која РК Прилеп беанеше гол предност сѐ до резултат 27-27, а потоа поведе РК Мулти Есенс. Скопскиот тим имаше и 30-27 во финипот, но израмнија гостита на 31-31. Потоа одново поведе и со 34-32, а овој пат предноста остана до крајот на мечот. 

Давид Димевски и Тодор Узунчев имаа одличен натпревар и постигнаа девет односно осум гола, а најефикасен на мечот беше Рајатоски со 10 постигнати голови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk