Трансфери: Дилан Наи, Диого Силва, австриски вундеркинд

foto: kif.dk

Фуксе Берлин ангажираше два десни бека и веднаш ги испрати на позајмица. Берлин потпиша со 19 годишниот австриски играч Николас Паулстајнер, ракометар за кого се зборува дека е вонсериски талент. Другиот играч е 25 годишниот Јаник Клајн. Двајцата веднаш заминуваат во тимот на Потсдам, неофицијалната филијала на Берлин. 

Полскиот шампион Келце го продолжи договорот со Французинот Дилан Наи до 2028 година. 

Бундеслигашот Бергишер му врачи отказ на тренерот Џамал Наџи и неговиот асистент. Оваа германска екипа, за која своевремено играше Аце Јоновски, се наоѓа во зоната за испаѓање со мали шанси да опстане.
Арнор Тор Гунарсон, еден од асистентите ќе биде првиот тренер до крајот на сезоната. 

Познатиот српски тренер, Драган Марковиќ - Марка, најави дека заминува од кормилото на екипата на Динамо Панчево на крајот на сезоната. 

Диого Силва, своевремено најголемиот португалски талент, сега на 25 годишна возраст заминува од екипата на Екс Прованс од Франција и во следната сезона ќе игра за екипата на Колдинг од Данска. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk