Модифицирани квалификации за женското ЕП 2026

Женското ЕП 2026 ќе биде второто што ќе се игра со 24 репрезентации и прво воопшто во ракометот што ќе се игра во пет држави.
ЕП 2026 ќе се игра во Турција, Романија, Словачка, Чешка и Полска и тие добиваат директно учество на ЕП. Покрај нив, најдобрите три од ЕП 2024 исто така ќе добијат директно учество и за време на квалификациите, тие осум репрезентации ќе играат ЕХФ Евро Куп. 

Квалификациите ќе бидат скратени. Место досегашните осум групи по четири, ќе се играат само шест групи по четири екипи и тие ќе треба да ги дадат другите 16 учесника.Тоа значи дека победниците и второпласираните од сите шест групи, плус четири од шест третопласирани екипи би се пласирале на ЕП 2026. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk