Нема веќе за „џабе“ билети за гостите

foto: rkalkaloid.mk

Извршната Комисија на ЕХФ донесе неколку одлуки што се однесуваат до европските клупски натпреварувања. Една од нив се однесува на билетите. Домашните екипи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската лига веќе не се обврзани на гостинските екипи да им обезбедуваат билети по симболични цени. 

Новитети има и околу ЕХФ Европската лига. Екипите што оригинално беа сместени во ЕХФ Куп, а кои имаа право да бараат надградба и да играат во Европската лига, веќе нема да бидат сметстувани директно во групната фаза. 
Екипите што ќе бидат наградени со играње во посилниот Куп, т.е Европската лига од следната сезона ќе играат во квалификациите.  
ЕХФ го ограничи бројот на клубови што од една земја можат да играат во Европската лига. Таа бројка е четири. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk