Волф се враќа во Германија?

foto: kielcehandball

Германскиот Билд, открива жешка шпекулација што се врати во германските ракометни кулоари. Имено, Билд вели дека актуелниот европски првак Магдебург и германскиот репрезентативен голман Адреас Волф се договориле за соработка од следната сезона. 

Ова доаѓа како продолжение на сагата за суспендираниот голман Никола Портнер, за кого се верува дека ќе биде подолго отсутен од терените.

Единствениот проблем е што Андреас Волф има договор со Келце до 2028 година. Магдебург е спремен да плати отшета, но прашање е дали Полјаците ќе бидат реални или нереални во одредувањето на висината на парите што ќе ги побараат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk