Македонија ги доби противинците за ЕП 2024 што ќе се игра на крајот на годината, Ждрепката секако не можеше да биде лесна, а среќата вака ги распореди екипите.
Ќе играме против домаќинот Унгарија и репрезентацијата на Шведска кои се големи фаворити и против репрезентацијата на Турција, против која ќе имаме пореална шанса да извојуваме и победа, иако тие подобро котираат од нас во моментов во женскиот ракомет.
Група А - Дебрецен - Унгарија Шведска, Турција, Македонија
Група Б - Дебрецен - Романија, Ц. Гора, Чешка, Србија
Група Ц - Базел - Франција, Шпанија, Португалија, Полска
Група Д - Базел - Данска, Швајцарија, Ф. Острови, Хрватска
Група Е - Инсбрук - Норвешка, Австрија, Словачка, Словенија
Група Ф - Инсбрук - Германија, Холандија, Украина, Исланд