Ждрепка за ЕП 2024, каде да гледате?

Прв пат на Европско првенство во женска конкуренција ќе учествуваат 24 репрезентации, а и Македонија меѓунив го одработе својот дел од квалификациите и ќе биде дел од шампионатот.
Три држави, Швајцарија, Австрија и Унгарија ќе бидат организатори на првенството. По две групи ќе се играат во Базел, Инсбрук и Дебрецен во прелиминарниот дел, потоа првенството продолжува во Виена и Дебрецен за на крајот да остане само Виена како домаќин на финалниот турнир. 

Денеска во Виена ќе се одржи ждрепката по која ќе знаеме против кого ќе игра Македонија на ЕП и во која држава ќе игра. 
Ждрепката почнува во 18:00 часот и ќе биде пренесувана на ТВ Арена Спорт 3 Премиум, а ќе можете да ја гледате и на ehftv (гео заштита) или на Јутјуб каналот на ЕХФ:

Клик на линкот - ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2024

1. ШЕШИР:
Норвешка, Данска, Ц. Гора, Франција, Шведска, Холандија
2. ШЕШИР:
Германија, Шпанија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Австрија
3. ШЕШИР:
Словенија, Хрватска, Полска, Србија, Македонија, Исланд
4. ШЕШИР:
Украина , Чешка, Словачка, Турција, Ф. Острови, Португалија

Домаќините на ЕП одбраа вака:
Унгарија - Група А - Дебрецен
Ц. Гора - Група Б - Дебрецен
Франција - Група Ц - Базел
Швајцарија - Група Д - Базел
Австрија - Група Е - Инсбрук
Германија - Група Ф - Инсбрук

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk