Женската репрезентација на Македонија утре ќе ги добие противниците за Европското првенство што во ноември/декември годинава ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија.
Македонија на ЕП се пласираше преку квалификациите и благодарение на настапот на претходното ЕП на кое беше домаќин, во ждрепката се наоаѓа во третиот шешир.
Почетокот на ждрепката е закажан за 18:00 часот, а ќе се одржи во Виена.
1. ШЕШИР:
Норвешка, Данска, Ц. Гора, Франција, Шведска, Холандија
2. ШЕШИР:
Германија, Шпанија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Австрија
3. ШЕШИР:
Словенија, Хрватска, Полска, Србија, Македонија, Исланд
4. ШЕШИР:
Украина , Чешка, Словачка, Турција, Ф. Острови, Португалија
Домаќините на ЕП одбраа вака:
Унгарија - Група А - Дебрецен
Ц. Гора - Група Б - Дебрецен
Франција - Група Ц - Базел
Швајцарија - Група Д - Базел
Австрија - Група Е - Инсбрук
Германија - Група Ф - Инсбрук
Поврзани вести