Парондо доби нов договор

foto: seha

Шпанскиот тренер Роберто Гарсија Парондо кој во 2019 година со Вардар стана европски шампион, доби предвремено продолжување на договорот со германската екипа Мелзунген.
Договорот на Парондо со Мелзунген беше до 2025 година, но Германците и Шпанецот се договорија за негово продолжување и тој ќе остане таму најмалку до 2027 година. 

Мелзунген е еден од поамбициозните германски клубови со поголем буџет и попознати играчи како Криштопанс, Мораеш, Мартиновиќ, Кун, Симиќ итн. 
Годинава стигна до финалето на германскиот Куп каде што загуби од Магдебург, но наградата за добрата работа за Парондо стигна веднаш потоа.

Поврзани вести