Циндриќ настрада во новата сала на Турда

Романската екипа Потаиса Турда доби нова сала, модерен објект со капацитет од 3200 гледачи, вреден 23 милиони евра. Прв гостин, прв противник на Турда на отворањето на салата беше актуелниот и идниот шампион на Романија, Динамо Букурешт.
Полни трибини со функционери на високи позиции вклучувајќи го и градоначалникот беа на отворањето, а домашната екипа својски се потруди да тепа на првиот меч. Буквално.
Романските медиуми пишуваат за жестока игра на Турда чии ракометари буквално ги тепале гостите од Букурешт, зачинето со судиски хаос, амбиент од трибините за конечни 35-35.
Најлошо мина Лука Циндриќ кој мора да оди на снимање со магнет е неизвесен за дуелите со 1/4 финалето на Европската лига со данскиот Скјерн. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk