-
15.04.2024
-
Вести, Актуелно
foto: fcbarcelona.net
Шпанија има двајца суперталенти, Петар и Ѓорѓе Цикуша Јеличиќ, браќа, 18 годишни ракометари кои одат по стапките на Душебаеви или Карабатиќи, па покрај своето српско-хрватско потекло одлучија да играат за Шпанија и веќе дебитираа за сениорскиот тим.
Двајцата се ракометари на Барса, но зсега картите подобро му се отвроија на централниот бек Петар. Барса го продаде Циндриќ, се повреди Домен Макуц и Петар Цикуша доби шанса да игра и почна и да ја оправдува довербата.
Малку покомплицирано е за Ѓорѓе Цикуша кој игра на позиција десен бек, а во составот на Барса, таму се Дика Мем и Мелвин Ричардсон.
Денеска се појави информација дека Барса го праќа на калење, леворакиот Ѓорѓе. Тој според неофицијалните информации ќе оди на позајмица во Монпеље и ќе оди по патот по кој одеше споменатиот Мелвин Ричардсон.
Пари Сен Жермен е доминантниот ракометен клуб во Франција, но работата со млади играчи во Франција се одвива во т.н. центри за формација, а најдобрите центри за формација не се во Париз, туку тоа се Монпеље, Шамбери, Данкерк, Нант...
Поврзани вести