Завршена е сезоната за Стефан Додиќ

фото: Archive/rkmetalurg.mk

Сезоната за српскиот репрезентативец Стефан Додиќ е завршена, потврди директорот на Војводина, Марко Вујин.
Додиќ заздравува од повредата на коленото и како рековалесцент стигна од Целје во Нови Сад. Само што почна да игра за Војводина повредата се активираше одново и тој оттогаш е на рехабилитација. Не тренерира со екипата и за него оваа сезона е завршена. 
Стефан Додиќ е еден од најталентираните и најперспективни играчи на Србија, а ракометот го „научи“ во Македонија, во Автокоманда каде што како основец секој ден доаѓаше од Врање за Скопје. Потоа играше и за Металург, накратко и за екипите на Охрид и Вардар. 
Имајќи предвид колку енергија и труд вложи тогаш, убедени сме дека оваа повреда нема да му застане на патот на кариерата. 

Поврзани вести