Словенија оди на ОИ, извиси Црна Гора

foto> RZS

Унгарија, Шведска, Холандија, Шпанија и Германија, го добија последниот член на друштвото патници за Париз. Тоа е репрезентацијата на Словенија. 
Денеска, во решавачкиот натпревар, Словенија ја совлада фаворизираната Црна Гора (30-26) и обезбеди пласмаа на ОИ. 
Словенија доминираше цел натпревар, имаше водство и од 25-18 и воопшто не беше доведен во прашање нивниот пласман. Од клупата ги диригираше Драган Аџиќ, своевремено алфа во женската репрезентација и воопшто женскиот ракомет во Црна Гора. 
На спротивната страна, пак, Бојана Поповиќ, со начинот на кој зборуваше во изјавите по мечот, меѓуредови најави дека нема да продожи на клупата на репрезентацијата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk